Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не е загрижен дека УЕФА ќе делегира судии коишто ќе судат против тимот за време на полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Челзи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Зидан истакна дека не верува во такво сценарио.

Не сум загрижен поради судиите во претстојните полуфинални натпревари во Лигата на шампиони. Изминатите денови можевме да слушнеме многу работи за сè и сешто, но уверен сум дека судијата, какои секогаш, ќе работи во корист на фудбалот – изјави Зидан.

Реал Мадрид, кој има рекордни 13 европски титули, во вторник го пречекува Челзи во време на тензични односи со УЕФА и закани од нејзиниот претседател Александар Чеферин за можно исфрлање на „кралскиот клуб“ поради формирањето на Суперлигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.