Велшкиот фудбалер Герет Бејл за следната сезона ќе може да си бара нов клуб бидејќи не е во плановите на Зинедин Зидан кој ќе составува нов тим кој би бил конкурентен за трофеите во домашните и европските натпреварувања.

Зидан остварил средба со Бејл и го известил Велшанецот дека може да си бара нов клуб и да не се надева на голема минутажа следната сезона. Исто така и претседателот на клубот Флорентино Перез изјави дека ќе ги разгледа понудите за Бејл кои ќе пристигнат летово, објавија шпанските медиуми.

Реал Мадрид ја има одредено цената за Бејл и таа изнесува 130 милиони евра.

Останува да се види дали оваа сума е превисока дури и за големите европски клубови кои се заитересирани за Бејл, а меѓу нив најсериозен интерес покажува Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.