За првпат во историјата на финалните натпревари под капата на УЕФА, женски судија ќе води натпревар за титула во евронатпреварувањата.

Французинката Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на Суперкупот на УЕФА, кој ќе се игра на 14 август помеѓу Ливерпул и Челси во Истанбул.

Најдобриот женски судија го судеше финалето од Светското првенство за жени помеѓу Холандија и САД минатиот месец во Франција. За помошнички на Фрапар делегирани се Мануела Николоси и Мишел Онил, а четврти судија ќе биде познатиот Чунејт Чакир.

„Водафон Арена“, на која настапува Бешикташ на 14 август во 21:00 часот ќе биде домаќин на првиот Суперкуп на Европа во кој ќе се сретнат две англиски екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.