Ждрепката за осминафиналето од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите, ќе се одржи на 13 декември во 12 часот.

Екипите, традиционално, ќе бидат поделени во два шешири, во едниот ќе бидат победниците на групите, додека, во другиот второпласираните екипи од секоја од осумте групи. Досега се познати 15 учесници во ждрепката, додека последното место ќе го заземат Аталанта или Виљареал, чиј меч вчера беше одложен поради снежни врнежи во Бергамо. Таа средба се игра вечерва со почеток од 19 часот.

Во групата на носители се Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн (М), Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус. Овие екипи нема да можат да играат меѓусебно,и за противници ќе имаат некоја од второпласираните екипи кои се во вториот шешир: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал/Аталанта, Салцбург и Челзи.

Првите натпревари се закажани за 15/16 – 22/23 февруари, а реваншите на 9/8 – 15/16 март. Почетокот е во 21 часот по средноевропско време.

Ждрепката за четврт-финалните, полуфиналните и финалето е во петок на 18 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.