Компанијата за спортска опрема Најк објави во саботата дека го завршила спонзорскиот договор од 105 милиони долари со бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар јуниор. Нивното 13-годишно партнерство заврши, бидејќи не можеле да се договорат за следниот пакет премии.

Според повеќе извештаи, Нејмар ќе потпише нов договор со германскиот производител на спортска облека Пума.

Минатата недела, фудбалскиот тим на Нејмар, Пари Сен Жермен го загуби последниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен со 0-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.