Актуелниот шампион во Премиер лигата, тимот на Манчестер сити вечерва го совалда Челси со 2:1 во натпреварот од 13. коло.

Лондончани го отворија резултатот преку Канте во 21.минута. „Граѓаните“ до крајот на првото полувреме направија целосен пресврт и со головите на Де Бруин и Марез го свртија резултатот во своја корист.

Во второто полуврме и покрај неколкуте шанси на двете страни мрежите мируваа. Сити постигна гол во судиското надополнување, но по прегледување на снимката погодокот на Стерлинг беше поништен поради офсајд.

По 13 кола, лидер е Ливерпул со 37 бода, Лестер е втор со 29, Манчестер сити има 28, Челзи 26

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.