Борусија Дортмунд го победи РБ Лајпциг со 4:1 во финалето на Купот на Германија одиграно синоќа во Берлин.

Тренерот на „црно-жолтите“, 38-годишниот Един Терзиќ стана најмладиот тренер во 21 век кој го освоил овој турнир.

Овој 38 годишник е роден во Германија и има потекло од Босна. Своевремно бепе и активен фудбалер, играше во пониските лиги во Германија и не остварил некој поголем успех. Поради таквата кариера како играч се решил да започне тренерска и тој избор му се покажал како полн погодок.

Терзиќ во Борусија стигна пред десет години. Прво започна со скаутирање, а потоа беше именуван за помошен тренер на екипата до 19 години. Наредната година напредуваше, за во 2013 година да стане прв тренер на тимот до 16 години



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.