Шпанската федерација извлече ждрепка за претстојната сезона во Ла Лига. Шампионатот во Ла Лига започнува на 13 септември, а натпреварите ќе се играат пред празни трибини.

Барселона на Роналд Куман започнува со дебитантот Елче на „Камп Ноу“, додека одбраната на титулата на Зинедин Зидан и „белите“ ќе започне на „Валдебебас“ против Хетафе.

Најинтересниот дуел од првото коло е помеѓу Атлетико Мадрид и Севиља, а има и градско дерби помеѓу Валенсија и Леванте на „Местаља“.

„Ел Класико“ ќе гледаме во 7-мо и 30-то коло. На првиот натпревар, Барселона е домаќин на Реал на 25 октомври, додека натпреварот во Мадрид ќе биде на 11 април 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.