Експерти за воздухопловство веруваат дека замрзнување на крилата на приватниот авион со кој патуваше аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала е можна причина за исчезнување на леталото, објавиja британските медиуми.

Според нивното мислење, пораките на 28-годишен играч објавени на социјалните мрежи во кои пишувал дека авионот ќе се сруши, би можеле да бидат предизвикани од формирањето на мраз на крилјата, појава која Сала можеби ја видел.

Вечерта на 21 јануари, Сала се збогуваше со своите поранешни соиграчи во Нант и со изнајмен приватен авион замина кон Велс за да потпише договор со Кардиф сити. По некое време по полетувањето, авионот исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови. На местото на исчезнувањето во тек е операција за пребарување и спасување. Откриени се метални предмети кои би можеле да бидат дел од исчезнатиот авион.

Синоќа, потрагата беше привремено запрена, а од утринава активностите ма спасувачките екипи продолжија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.