„ЕСПН“ направи анализа на баражот како еден од најдраматичните, пред сè бидејќи во него се натпреваруваат последните два европски прваци Португалија и Италија, ама има и селекции како Русија, Шведска, Полска…

„Од 12 селекции на СП ќе одат само три во европскиот плеј-оф, форматот сам по себе носи драма и тензија – одлично ако си неутрален, малку незгодно ако игра твојата земја.

Практично ќе има три „фајнал-фор“ групи со полуфинале и финале. Седумте носители (Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс) имаат гарантирано полуфинале дома против неповластените (Турција, Полска, Македонија, Украина, Австрија и Чешка).

Сè е можно, замислете: Кристијано Роналдо можеби ќе треба да да дојде во Скопје и да ја победи Македонија за да игра на Мундијалот.

Можеби форматот на двомеч каков што беше досега за некого е пофер, но нема сомнеж дека сега, играта во 90 минути за сè или ништо е попривлечно. Нема гостување каде што еден тим ќе замине да се брани и да игра на 0-0 (секако, го нема и правилото за гол на гости)“, напиша медиумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.