Иако беше најавено, високите гости од Словенија не беа удостоени да го проследат фудбалскиот натрепвар од ВИП-ложата на Градски.

Зоран Заев и Марјан Шарец ќе бидат ВИП гостите на фудбалскиот дуел Македонија – Словенија кој се игра во четврток од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“. Пресудниот дуел на двете селекции во битката за пласман на ЕП 2020 е повод и за интересни дуели во ложата на нашиот најголем стадион.

Свое присуство на трибините најавија речиси сите министри од нашиот владин кабинет кои ќе му бидат поддршка на Заев во диелот со колегата од Словенија. Гостите ќе бидат засилени со Зоран Јанковиќ, градоначалникот на Љубљана, Богдан Гобровец кој е претседател на нивниот Олимписки комитет.

Се разбира дека се очекува и присуство на нашиот претседател на МОК, Васил Тупурковски како и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Присуството на „силната“ делегација од Словенија е доволен доказ за тоа колку кај нашиот противник сериозно се гледа кон дуелот во Скопје. Овој меч е исто така важен и за нашите фудбалери кои со победа ќе се вратат во игра за пласман на ЕП и напад на првите две позиции од квалификациската група, пишуваа медиумите два дена пред средбата.

Словенечката делегација предводена од премиерот Марјан Шарец вечерта наместо на Градски, ја мина на граница. Јужна.

Наводно причина за оваа промена на протоколот, е одлуката да ги посетаат полицајците на јужната граница. Неофицијално, пак, како што дознава „Република“ словенечкиот премиер имал голем мерак да ги бодри „змајчеки“ од ВИП-ложата на Градски, но не и домаќинот. Тој ќе требаше да ги бодри „лавовите“. Бидејќи не ни ред ни протокол гостинот да го следи натпреварот во кој настапуваат двете репрезентации, превагнала желбата на домаќинот, па доцна синоќа наместо на фудбал, беа гости на јужната граница меѓу полицајците.

Зошто Заев избега од Градски дури до јужната граница е повеќе од јасна. Откако Македонија стана северна, никој од нејзините политички кумови не се осмелил да се појави на спортско натпреварување, каде што илјадници грла скандираат „Никогаш Северна, само Македонија“.

Всушност, Шилегов беше заморче на пречекот на вардарци, новите европски ракометни шампиони, но добро се сеќаваме како изгоре.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.