Нејмар смета дека Бразил сега го има најсилниот тим од неговото деби за националниот тим.

– Ова е најдобриот бразилски тим од моето деби. Сега тимот е посилен и пообединет, подобро сме подготвени за победи и ова е многу добро. Имаме многу силен напад. Секој играч во тимот има своја улога. А нас нè обединува една цел, а тоа е најважното. Чувствуваме нов импулс, тимот како да се прероди, и тоа е одлично! Сега бразилската репрезентација е мешавина од искуство и младост. Подготвени сме да вложиме напори еден за друг. Играме како тим и тоа ќе ни даде шанса да одиме далеку на Светското првенство во 2022 година, изјави напаѓачот на ПСЖ за „телефут“.

Нејмар за бразилската репрезентација дебитираше во 2010 година. На домашното Светско првенство 2014 година, кариоките го освоија 4. место, губејќи во полуфиналето од Германија со резултат 1:7, а во натпреварот за третото место, загубија од Холандија со резултат 0:3.

На Светското првенство 2018, Бразил беше елиминиран во четвртфиналната фаза.

Светското првенство во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.