Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го сподели своето мислење за напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

– Златан, каков играч! Го видов како се бори по повредата. Тој излезе и постигна гол во својот прв натпревар. Сака исклучителни моменти. Ибрахимовиќ е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Ја вади последната капка од своето тело, изјави Клоп.

Ливерпул утревечер ќе игра со Милан во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите, а настапот на Ибрахимовиќ за гостите од Милано е неизвесен поради повреда.

Во Б-групата се и екипите на Атлетико Мадрид и Порто

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.