Шалке попладнево загуби од Вердер Бремен со 0:1 во 29. коло од Германското фудбалско првенство и го запиша четвртиот пораз по ред.

Клуб од Гелзенкирхен нема победа десет натпревари во низа. Последен пат Шалке победи на 4 февруари против Херта во Купот на Германија (3:2).

Ако ги земеме во предвид само натпреварите во Бундеслигата, серијата без победи е 11 натпревари.

Во моментов Шалке е на десеттото место во германскиот шампионат, со 37 бода од 29 одиграни натпревари.

По денешниот пораз уште повеќе се „тресе“ тренерското столче на предводникот на Шалке, Девид Вагнер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.