Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, кажа кој е неговиот омилен тренер.

– Томас Тухел е мојот омилен тренер. Под негово водство играв повеќе на десната страна, сè додека не бев префрлен на позиција десет. Да останеше во клубот, ќе одбиев да го напуштам Дортмунд, изјави Дембеле за „BeIN“.

Дваесет и тригодишниот играч игра во Барселона од август 2017 година. Дембеле работеше под водство на германски специјалист во Борусија Дортмунд.

Утре, 14 април, германскиот клуб ќе игра со Манчестер сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.