Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти му честиташе на Манчестер Сити за пласман во полуфиналето во ФА купот. На четвртфиналната средба вчеравечер во Ливерпул, тимот предводен од Пеп Гвардиола го совладаа тимот на италијанскиот стручњак 2:0.

-Речиси бевме во состојба да се носиме со Манчестер сити, направивме сè што беше во наша моќ. Се браневме добро најмалку 80 минути и го контролиравме текот на играта. Генерално, среќен сум и не жалам, затоа што бевме победени од најдобриот тим во светот. Тоа беше добро искуство за нас, изјави Анчелоти за „Goal“.

Покрај Манчестер сити, пласман во полуфиналната досега обезбедија и фудбалерите на Саутемптон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.