Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, објави дека клубот ќе биде подготвен да го продаде играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ кога ќе се отвори трансфер прозорецот, пренесува „Дејли мејл“.

ПСЖ, Манчестер јунајтед, Челзи и Тотенхем се заинтересирани за српскиот репрезентативец.

Фудбалерот има пет гола и седум асистенции на 31 натпревар за Лацио во сезоната 2019/20.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 64 милиони евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.