Голема трагедија го погоди фудбалскиот, спортскиот свет. Фудбалската асоцијација на Гана (ГФА) ја потврди трагичната несреќа која се случи во бизлија на Кумаси, во регионот Ашанти.

Автобусот, кој превезуваше млади фудбалери да се регистрираат за претстојната сезона, се урна во реката Офинсо.

Осум млади фудбалери го загубија животот, а други 24 деца се на болничко лекување во болницата „Ст. Патрик“ во Офинсо.

Според полицијата, возачот изгубил контрола над возилото под засега неидентификувани околности.

Првите луѓе на фудбалот во Гана изразија сочувство до семејствата на загинатите млади фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.