Навивачките групи на „Фаланга“ и „Лозари“ денеска физички се пресметаа по улиците на Штип. По беспрекорниот фудбалски натпревар на теренот во дербито на 14. коло од Втората лига – Исток меѓу Брегалница и Тиквеш, страшни сцени околу Градскиот стадион во Штип. Интервенираше и полицијата. Според првичните информации има и многу повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека наскоро ќе следи информација за јавноста и поднесување кривични пријави за учесниците во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.