Според одлуката на Извршниот комитет на УЕФА, ВАР системот ќе се користи од четвртото коло во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022 на сите натпревари од европските квалификации.

Тоа значи дека на следните три квалификациски меча на Македонија во септемврискиот циклус ќе има и ВАР.

Во Скопје веќе в понеделник доаѓа компанијата која ќе го инсталира системот на Националната Арена и кој ќе се користи на дуелите со Ерменија (2 септември) и против Романија (8 септември).

ВАР секако ќе има и на мечот со Исланѓаните кој го играме во Рејкјавик на 5 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.