За натпреварите од Европското фудбалско првенство, што ќе се играат во Санкт Петерсбург, ќе има минимални здравствени рестрикции поради Ковид-19.

Како што најави генералниот директор на Организацискиот комитет, Алексеј Сорокин, стадионот ќе биде исполнет до 50 отсто од капацитет со дозвола за влез и за навивачи од странство,

Се извинувам, но морам да кажам дека во поглед на оптимизмот ги престигнуваме организаторите на Олимписките игри. На Европското првенство (ЕП) гледаме со оптимизам. Постигнавме договор трибините да ги исполниме до 50 отсто од капацитетот. Работиме на тоа да им посакаме добредојде на навивачи од странство, а тоа властите не го одбија. Сигурен сум дека натпреварите ќе можат да се организираат со минимум ограничувања – изјави Сорокин за руските медиуми.

ЕП ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 европски градови.

Стадионот во Санкт Петерсбург има капацитет од 61.000 седишта и ќе биде домаќин на три натпревари од групата Б, во која покрај домаќинот Русија се и Данска, Финска и Белгија, а на овој стадион ќе се игра и еден четвртфинален натпревар.

Русија го укина речиси сите здравствени мерки против корона вирусот, а според последните податоци, од последици на заразата во земјата починале вкупно околу 200.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.