Одложени се сите четири натпревари во холандската Прва лига закажани за утре поради најавите на метеоролозите за обилни врнежи од снег во целата земја, соопшти попладнево Холандскиот фудбалски сојуз.

Покрај најавите за снежна бура, холандските метеоролозите за утре најавуваат и забележителен пад на температурите до -8 степени Целзиусови.

Новиот термин за одигрување на одложените натпревари меѓу Ајакс и Утрехт, Гронинген и Феенорд, Вилем II и Ден Хаг, како и дуелот меѓу Венло и Спарта Ротердам, ќе биде утврден дополнително

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.