Ждребката за паровите од четврт-финалето во Лигата на шампионите донесе реванш на екипите што играа во минатогодишното финале, Баерн Минхен и ПСЖ.

Актуелниот шампион, Баерн ќе биде домаќин на првиот натпревар.

Во останатите четврт-финални парови ќе се сретнат манчестер сити и Борусија Дортмуд, Порто и Челзи и Реал Мадрид и Ливерпул.

Истовремено беше извршена ждрепката и за полуфиналето.

Во првиот натпревар од оваа фаза ќе играат победникот од двомечот Барен Минхен – ПСЖ со победникот од Манчестер сити – Борусија Дротмунд, а во второто полуфинале ќе се сретнат победникот од дуелите Реал Мадрид – Ливерпул со победникот од двомечот Порто – Челзи.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.