Фудбалерите на шпанскиот гигант Барселона на вечерашното Ел Класико против Реал Мадрид во чест на Годината на свињата ќе се појават во дресови на кои презимињата ќе им бидат напишани и на кинески.

Според лунарниот календар Кинезите вчера на 5 февруари ја славеа Новата година, токму во нивна чест клубот од „Ноу Камп“ одлучи играчите да ги потпише и на јазикот на најбројниот народ на светот .

Овој потег го направивме во рамките на стратегијата за ширење на брендот Барселона во Кина. Истотака нашата екипа следното лето подготовките ќе ги спроведе на Далечниот исток, во Кина и Јапонија,,стои во соопштението од Барселона.

 

Инаку вечерва од 21 часот во рамките на Кралскиот куп во Шпанија гигантите на светиот фудбал Барселона и Реал Мадрид ќе го одиграат првиот полуфинален меч.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.