Skip to main content

Внукот на тренерот на Звезда падна со дрогата поради жена

Криминалната група на Стефан Милојевиќ, син на поранешниот фудбалер Горан Милојевиќ, соработувала со балканскиот картел и криминални групи од Албанија во трговијата со кокаин и хашиш.

Истрагата на Шпанската национална полиција и Цивилна гарда покажала дека пакетите со кокаин што ги увезле од Јужна Америка биле обележани со различни логоа, на кои биле ознаките на познати марки автомобили, Че Гевара, Мачорот во чизми и рускиот претседател Владимир Путин.

– Кокаинот со „печат“ на Владимир Путин значел дека станува збор за кокаин од највисок квалитет. Секое лого го означувало потеклото, квалитетот и пазарната цена – објасниле извори од истрагата, наведувајќи дека членовите на кланот на Милојевиќ имале залихи од кокаин во вредност од 20 милиони евра.

За време на претресот на повеќе од 70 локации, полицијата пронашла и конфискувала 687 килограми кокаин, потоа 2.500 килограми хашиш, апчиња екстази и 1.500 растенија марихуана.

Шпанските медиуми објавија дека полицијата го следела Стефан Милојевиќ за време на неговите посети на Белград. Тој наводно бил во врска со пејачката Милица Ристиќ, која го изневерувала својот поранешен сопруг, поранешниот ватерполист Никола Раѓен, со Милојевиќ. Наводно, двојката се гледала во Белград, но патувале заедно и низ Европа.

Тој е внук на тренерот на Звезда, Владан Милојевиќ, кој и самиот играл фудбал како момче, но немал голем успех поради неговата висина, па „префрлил“ на ММА, во која бележел успех сè додека не стана најголемиот нарко-бос на Балеарските Острови.

Поврзани вести