Младиот талент на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор, откри дека од Барселона пројавила сериозен интерес за него и му понудила побогата понуда, но тој го претпочитал „кралскиот“ клуб.

Барса даваше повеќе, но јас го избрав Реал Мадрид заради подобриот проект. Марсело зборуваше со мене, Каземиро. Многу ми помогнаа, изјави 18-годишниот Бразилец во интервју за „Кадена СЕР“.

Тој во моментов се опоравува од повредата добиена за време на кошмарниот пораз на „кралевите“ од Ајакс во реванш-дуелот од осминафиналето на ЛШ.

Мојата состојба се подобрува полека. Работам внимателно за да се вратам што е можно поскоро. Кога се случи тоа, почувствував дека нешто се скрши. Се обидов да ја одиграм следната топка, но не можев, истакнал Бразилецот.

Тој проговорел и за Сантијаго Солари, кој му даде шанса во првиот тим, како и за неговиот наследник Зинедин Зидан.

Солари беше првиот човек што ми веруваше и ми даде можност да играм на високо ниво. Зидан беше одличен играч, и сега тој е многу добар тренер. Ми претставува чест што тој е наш тренер, иако го гледав малку … Од видеата што сум ги гледал, тој е неверојатен, рече меѓу другото Виничиус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.