По само година дена во редовите на Наполи, Симоне Верди се сели во Торино, а клубот трансферот го реализираше буквално во последните минути од преодниот рок, кој во Италија заврши во 22 часот.

По неколку месечни преговори Торино му прати на Наполи три милиони евра за едногодишна позајмица на Верди, со обврска да го откупи неговиот договор со 20 милиони евра.

Верди дојде во Наполи минатата сезона од Болоња за трансфер од 24.5 милиони евра, но не успеја да се избори за минутажа кај Карло Анџелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.