Англиската фудбалска репрезентација имаше незапаметен дочек во Косово, каков што ниту една релрезентација немала досега.

Фудбалерите на „Гордиот Албион“ беа мета на расистички навреди во Бугарија, химната им беше исвиркана, а во Приштина публиката реши да им покаже дека е на нивна страна и дека се сочувствува со сите што беа мета на несаканите навреди.

Публиката вееше англиски знамиња, за време на химната се додели грмогласен аплауз, а една од паролите на трибините беше дека во Косово нема место за расизам.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.