Вејн Руни од јануари се враќа во Англија, Дерби потврди дека тој ќе биде играч и тренер на тимот.

Руни ќе ја доигра сезоната во МЛС и потоа ќе се врати во Англија каде ќе го носи дресот на Дерби во Чемпионшип лигата, но ќе биде и тренер во стручниот штаб на Филип Коку.

Дерби каунти со задоволство соопштува дека рекордниот стрелец на Англија, Вејн Руни ќе се приклучи на клубот од јануари 2020, се вели во соопштението на клубот.

Руни стави потпис на договор со траење од 18 месеци со опција за продолжување на уште една година. Тој ќе биде играч, но ќе биде и тренер, ќе му биде помошник на Филип Коку.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.