Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, пред полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА против Шпанија, ја истакна важноста на натпреварувањето.

– Ова е важен турнир за нас. Остануваат уште четири одлични репрезентации. Немавме толку време да се подготвиме, но мислам дека овие два натпревара можат многу да ни помогнат во нашиот раст. Шпанија го одигра својот најдобар евро-натпревар против нас. Ни зададоа многу проблеми со контролата на топката, но во таа смисла тие се мајстори. Мора да играме на највисоко ниво, истакна Манчини.

Тој сака да ја продолжи серијата на Италија од 37 натпревари без пораз.

– Сакаме да ја продолжиме серијата за да стигнеме до финалето. Нашата цел е оваа серија да продолжи што е можно подолго, но ние сме целосно свесни дека треба да работиме напорно, натпревар по натпревар, додаде италијанскиот селектор.

Натпреварот Италија – Шпанија ќе се одигра вечер во Милано со почеток во 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.