Вечерашната победа на Динамо Загреб над лондонски Тотенхем несомнено е едно од најголемите изненадувања во Лигата на Европа во последните неколку сезони. Загрепските модру успеаја да го совладаат тимот на Мурињо со 3:0 на „Максимир“ во меч кој траеше 120 минути.

Хрватскиот првак победи со 2:0 по 90 минути и тоа всушност беше израмнување на резултатот од првата средба во Лондон, кога Тотенхем славеше со 2:0.

Во дополнителните 30 минути, Модрите дадоа и трет гол и го шокираа англискиот премиерлигаш и тренерот Жозе Мурињо.

Мислам дека не бевме изненадени. Пред мечот, на играчите им реков дека мора да играат на победа и никако да не размислуваат на нерешено или минимален пораз од 1:0 или 2:1 со кои би поминале понатаму. Дури и на полувреме при 0:0 ги советував да нападнат и да дадат гол. Дури и кога го примивме првиот гол сакав да нападнеме и да погодиме, започна Мурињо во своето објаснување по шокантниот меч за неговиот тим, а потоа жестоко ги нападна своите играчи.

Ако ги заборавам последните 10 минути од екстра времето, во 90 минути и првите 15 минути од екстра времето, само еден тим играше. Тим кој реши да даде сѐ на терен. Играчите на Динамо ја вложија целата енергија, играа максимално, дури на крајот пуштија и солзи на среќа на теренот. Тие беа посветени во текот на целиот меч. На другата страна, мојот тим, од кој и јас сум дел, не личеше како да игра важен меч. Ако за играчите ова не беше важен меч, за мене беше. Во мојата кариера секој меч е важен. И за секој навивач на Тотенхем секој меч е важен. Не е доволно да речам дека сум тажен затоа што чувствувам нешто повеќе од тага. Бев во соблекувалната на Динамо да им честитам, одиграа одлично, беше реакцијата на Мурињо по елиминацијата од Динамо Загреб.

Емотивно ја прими победата на Диманонад Тотенхем во реванш-осминафиналето на Лига Европа и пласманот во следната фаза и поранешниот прв човек на клубот од „Максимир“ Здравко Мамиќ. Контроверзниот бизнисмен сега живее во Меѓугорје каде што побегна откако во Хрватска беше распишана потерница поради финансиски малверзации.

Вечерва плачам од среќа, а со мене плачат сите кои го сакаат спортот во Хрватска, Европа и светот. Вечерва една јуначка екипа, јуначки тренерски штаб и една јуначка организација му покажа на светот од што се направени. Господ знае се, Господ гледа се, а вечерва Господ го награди секој човек кој го сака Динамо, секој играч, секој вработен и секоја личност која даде дел од себе за овој успех и покрај сите кои нѐ напаѓаа, саботираа и сакаа да нѐ уништат. Вечерва Динамо слави, а славете и вие“, напиша Мамиќ на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.