Александар Васоски беше еден од најупорните, но тренерот на Вардар веќе нема сила да се бори, заминува и наскоро се очекува да има нов клуб.

Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност, сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за поддршката што му ја дававте на Вардар во овој тежок перииод за клубот. Почитувани вардарови фудбалери, вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб затоа што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе останам, но веќе немам сила да се борам. Затоа од денеска и официјално не сум тренер на Вардар. Благодарност до Комитите и сите подржувачи на Вардар, и мој апел до надлежните да не дозволат најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне, изјави Васоски по денешниот меч со Беласица кој Вардар го доби со 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.