Она што беше најавено денес е и офицјално потврдено – Александар Васоски во следната година ипол ќе биде тренер на Академија Пандев.

Васоски поради кризата го напушти Вардар, иако имаше неколку понуди од странство се реши да ја прифати понудата од Струмица. „Пандевци“ и Васоски се договорија за соработка од година ипол.

Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа струмичкиот тим на табелата во ПМФЛ главна цел на популарниот Тетовче ќе биде опстанок во првата лига.

На клупата на Академија Пандев Васоски доаѓа на местото на Југослав Тренчовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.