Откако поради финансиските долгови, црвено-црните останаа без настап на европската сцена, од денеска остануваат и без играчи.

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив скопски Вардар и натаму тоне.

Откако поради финансиските долгови, црвено-црните останаа без настап на европската сцена, од денеска остануваат и без играчи

Ваквата информација ја пренесува порталот „Спорт медиа“ дека на денешниот состанок од страна на раководството на клубот им е кажано на сите фудбалери дека може слободно да си бараат нови клубови и дека нема пари и начин како да се среди целата ситуација.

Потсетување дека вардарци беа убедливо први до прекинот на сезоната и ја освоија шампионската титула, но поради финансиската нестабилност односно долговите кои ги има клубот останаа без лиценца за настап на европската сцена.

Во изминатиот период долгот од над 2 милиони евра кој го има актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко, беа непремостлива пречка пред се за градот Скопје, а потоа и „бомбастично“ најавуваниот „спасител“ од Бугарија, Благо Георгиев, дека Вардар може да се врати на вистинското „корито“ и дека клубот сепак ќе опстане.

Потсетување дека новата сезона во мак-фудбалот стартува за дваесетина дена, а во очекување на официјална информација од таборот на вардарци, останува да се види дали и по втор пат Вардар ќе се најде во ситуација да згасне!?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.