Во просториите на ФФМ беше реализирана ждрепката за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига која сега ќе биде единствена со 16 екипи.

На стартот од новата сезона, најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе гостува на Аресими, додека Пелистер почнува со гостување против Кожуф во Гевгелија. Еден од најголемите кандидати за првото место, екипата на Гостивар ќе гостува на Пехчево.

Стартот на новата сезона во ВМФЛ е закажан за 13. август.

Двојки за првото коло:

АРЕСИМИ – ВАРДАР

КОЖУФ – ПЕЛИСТЕР

ПЕХЧЕВО – ГОСТИВАР

ОХРИД – ТЕТЕКС

ДЕТОНИТ – БЕЛАСИЦА

КАРАОРМАН – ВОСКА

БОРЕЦ – СЛОГА (В)

САСА – БЕСА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.