Вардар триумфираше на гостувањето кај Академија Пандев со убедливи 3:0 и остана непоразен во меѓусебните дуели со овој струмички клуб.

Победата на вардарци значи дека се есенски шампиони на полусезоната во првата македонска фудбалска лига. Поразот на струмичани го искористи Шкендија, која сега се искачи на втората позиција. Бесарт Ибраими даде два гола и го надмина Баже Илиоски на првото место на вечната листа на стрелци во прволигашката конкуренција.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Вардар 0:3, Борец – Ренова 1:0, Работнички – Силекс 1:1, Шкендија – Шкупи 4:0. Вчера: Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Лум 1:1.

ТАБЕЛА: Вардар 35 бода, Шкендија и Академија Пандев по 27, Силекс 24, Македонија Ѓ.П. и Струга по 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15.

Фото – ФК Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.