Претставници на Манчестер Јунајтед и Кристал Палас се очекува деновиве да ги прецизираат сите детали околу трансферот на Арон Ван-Бисака.

Според „Гардијан“, последната понуда на „црвените ѓаволи“ отстапува за малку од бараните 50 милиони фунти плус бонуси. Сепак, се очекува разликите да бидат „испеглани“ многу скоро и двата клуба да се договорат за трансферот по што 21-годишниот десен бек неделава ќе ги помине медицинските прегледи во Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.