Изненадувањата во Лигата на шампионите ќе завршат откако Пари Сен Жермен го совлада РБ Лајпциг со 3:0 на стадионот „Луж“ во Лисабон и стигна до финалето. Таму ќе се сретнат со победникот од натпреварот Баерн – Лион.

Ова ќе биде прво учество на парижаните во битката за најпрестижниот трофеј во Европа и за разлика од 1995 година, кога во претходното полуфинале на турнирот загубија од Милан, овој пат беа покатегорични.

Избраниците на Томас Тухел имаа сериозна предност до паузата, кога постигнаа два гола и тоа ги стави во одлична позиција. Потоа можеа да постигнат повеќе, а херој беше Анхел ди Марија со гол и 2 асистенции.

Лајпциг имаше шанси, но така и не успеа да постигне гол. Сепак, Германците можат да си заминат сокренати глави по импресивниот настап во натпреварувањето оваа сезона

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.