Лео Меси стана нов играч на ПСЖ по големиот пресврт и неуспешните преговори со Барселона, а неговото деби сѐ уште се чека.

Сепак, според последните информации од странските медиуми, многу се работи на неговиот следен ангажман. Дејвид Бекам наводно веќе разговарал со Меси со цел Аргентинецот да ја заврши кариерата во неговиот клуб, Интер Мајами.

Приказните дополнително се интензивираат со фактот дека Меси купи луксузен стан токму во Мајами.

Желбата на Бекам е Аргентинецот да ја заврши кариерата во МЛС, а ко-сопственикот на тимот од Мајами, Хорхе Мас, е убеден дека Меси ќе заврши во САД по две години минати во Париз.

„Оптимист сум дека Меси ќе игра во дресот на Интер Мајами, бидејќи мислам дека тоа ќе го комплетира неговиот мит како најдобар фудбалер на нашата генерација“, изјави Мас за Мајами Хералд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.