По одличниот старт на новата сезона кој синоќа фудбалерите на Интер го забележаа со победата над Лече (4-0) во Серија А, нивните фанови веќе имаат нова причина за задоволство.

Имено, клубот е пред ангажман на уште две големи засилувања со кои ќе се заокружи еден одличен трансфер период за нив.

Интер е на прагот од договор со Манчестер Јунајтед за Алексис Санчез. „Скај Италија“ јавува дека денеска ќе бидат одржани дополнителни преговори по што треба ситуацијата да биде многу појасна.

Проблем во овој трансфер претставува повредата на Антони Марсијал за кого од Јунајтед чекаат финален извештај до крајот на денот. Ако истата не биде од посериозен карактер ќе му биде дозволено на Алексис да се пресели во Интер.

Второто засилување за „нероазурите“ ќе биде левиот бек на Фиорентина, Кристијано Бираги. Договорот не зависи од заминувањето на Далбер, па така Бираги во следните денови и официјално ќе стави потпис на договор со Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.