Германската фудбалска легенда Лотар Матеус беше евакуиран од Дубаи со помош на унгарското Министерство за надворешни работи.

Матеус веќе 16 години живее во Будимпешта, од време кога беше тренер на унгарскиот национален тим, но не е унгарски државјанин. Епидемијата на коронавирусот го затекна во Дубаи, по што морал да побара помош од унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за да се врати дома.

Со помош на свои пријатели, германскиот ас обезбедил приватен авионски превоз, со кој ја искористил последната можност да го напушти Дубаи пред затворањето на аеродромот, и слетал во Минхен, додека унгарските власти му овозможиле да се врати во Будимпешта

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.