Тренерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека не знае дали голманот Петр Чех ќе остане во тимот следната сезона. Триесет и шест годишниот голман го загуби своето место во првиот тим оваа сезона по доаѓањето на Германецот Лено во тимот, па се погласени се шпекулациите дека наскоро е можно негово заминување од тимот.

Не знам дали Чех има иднина во Арсенал. За ова треба да одлучи клубот и играчот. Ја започна сезоната многу добро. Потоа се повреди. А веќе се врати на клупата за резервни играчи, изјави Емери.

Инаку, Чех е во Арсенал од 2015 каде пристигна по неколкуте успешни сезони во Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.