Најжестоките навивачи на францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен не се задоволни од ситуацијата во клубот, пренесува „РМЦ Спорт“.

Групата „Ултрас“ во Париз се состана со раководството на клубот во обид да ја ублажат ситуацијата. Незадоволството на навивачите се должи на присуството во екипата на Нејмар, кој треба да игра за прв пат оваа сезона во натпревар од 5. коло на шампионатот на Франција со Стразбур.

„Ултрасите“ планираат да истакнат транспаренти против Нејмар, но раководството на ПСЖ има намера да ги спречи во тоа.

Затоа овие навивачи на ПСЖ најверојатно ќе го бојкотираат следниот натпревар од француското првенство со Стразбур и дуелот од групната фаза од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.