Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), ја прекина постапката за против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид за проектот Суперлига.

На тој начин УЕФА мораше да испочитува судска одлука која и забранува да води каква била постапка против клубовите вклучени во проектот.

По отворањето на дисциплинска постапка против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид за евентуална повреда на правната рамка на УЕФА во врска со таканаречениот проект Суперлига, Апелационото тело на УЕФА одлучи да ја прекине постапката до понатамошно известување – објавија од УЕФА на официјалната веб-страницата.

На 19 април англиските клубови Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул, Челзи и Арсенал, шпанските Барселона, Атлетико и Реал Мадрид, италијанските Милан, Интер и Јувентус го објавија создавањето на Супер лигата. По остриот протест на навивачите и заканата од санкции од ФИФА и УЕФА, во проекто останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

На 7 мај, УЕФА објави помирување со другите девет тимови, а објави список на санкции во случај на враќање на идејата за Суперлига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.