Во сеќавање на трагично загинатиот Емилијано Сала, пред мечевите од Лигата на шампионите и Лига Европа оваа недела ќе има минута молк, потврди УЕФА.

Сала, кој потпиша за Кардиф Сити од Нант во јануари за рекордни 15 милиони фунти, загина кога неговиот авион падна во Ла Манш минатиот месец. Неговата смрт беше потврдена минатата недела кога неговото тело беше пронајдено во остатоците од авионот.

Од сите во УЕФА изразувам искрено сочувство до семејството и саканите на Емилијано Сала. Жалам што неговиот живот беше толку сурово одземен и барам од сите навивачи на континентот да му оддадат почит во следните денови, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

УЕФА исто така потврди дека клубовите може да носат црни ленти на рацете во чест на аргентинскиот напаѓач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.