УЕФА и нејзиниот претседател, Александар Чеферин, преземаат чекори за да се спречи стартувањето на фудбалската Суперлига.

Последните објавени информации говорат дека првите луѓе на Европската куќа на фудбалот имаат намера да позајмат шест милијарди евра, се со цел да и се спротивстават на Суперлигата.

Фирмата со која УЕФА во моментов е во преговори е „Centrikus Asset Management“ со седиште во Лондон. Таа треба да застане зад проектите на УЕФА во врска со Лигата на Шампионите и да обезбеди почетни шест милијарди евра.

Познато е дека на другата страна е американката банка „ЏП Морган“, која со 3,5 милијарди евра застана зад проектот на Суперлигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.