Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги објави денеска имињата на 19. судии, кои ќе ја делат правдата на претстојното Европско првенство, меѓу кои првпат во историјата на завршните турнири на Стариот континент се најде и јужноамерикански арбитер.

Покрај 18. европски судии, кои доаѓаат од 13 држави, правдата на натпреварите на ЕП од 11 јуни до 11 јули, ќе ја дели и Аргентинецот Фернандо Рапалини.

Тој ќе биде дел од завршниот турнир како дел од договорот за соработка меѓу УЕФА и Јужноамерианската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) според кој, Шпанецот Хезус Гил Манцано, ќе биде меѓу арбитрите на Копа Америка 2021 во Аргентина и Колумбија.

Паралелно со ова, на претстојното ЕП првпат ќе учествува и една судијка. Французинката Стефани Фрапарт, која оваа сезона судеше на неколку натпревари во машка конкуренција во организација на УЕФА, ќе биде четврти судија.

Французинката минатиот месец стана првата жена, која судеше мундијалски квалификациски натпревар во триумфот на Холандија против Летонија од 2:0 во Амстердам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.