Британската полиција уапсила 11 лица кои ги навредувале фудбалерите на англиската репрезентација, Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо по финалето на ЕП 2020 против Италија.

Од илјадниците навредливи пораки објавени на социјалните мрежи, 123 се од профили на луѓе кои не се од Велика Британија.

Има луѓе кои мислат дека можат да се кријат зад профилот на социјалните медиуми и да објавуваат такви одвратни коментари без да бидат казнети. Треба повторно да размислат. Имаме истражители кои активно бараат навредливи коментари во врска со овој натпревар и ако се утврди дека направиле прекршување на законот, тогаш и други луѓе што објавувале ќе бидат уапсени. Нашата истрага напредува со добро темпо и ние сме благодарни на луѓето што не информираа за расистичките објави – изјави истражителот Марк Робертс.

Сака, Рашфорд и Санчо не успеаја да ги реализираат своите шутеви во пенал-серијата во финалето на Европското фудбалско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.