Турската репрезентација, која на првите два меча на ЕУРО 2020 загуби од Италија (0:3) и од Швајцарција (0:2) е во опасност денеска да стане репрезентацијата со најслаб учинок на едно Европско првенство.

Селекцијата предводена од Шенол Гунеш, може да стане 12. репрезентација која претрпела три порази во групната фаза на Европското првенство, како и четвртата, која не успеала да постигне гол. Претходно, Турција не постигнаа погодок во 1996 година, Данска во 2000 година и Украина во 2016 година.

Сепак, со евентуален пораз од 3:0 или поголем, Турција ќе има најслаба гол-разлика од ситеб репрезентации кои некогаш настапувале на европските првенства.

Со најлош биланс, гол-разлика од минус 8 на еврошампионатите се: Југославија (1984), Данска (2000), Бугарија (2004) и Ирска (2012).

Натпреварот Швајцарија – Турција ќе се одигра во Баку со почеток во 18 часот.

Во исто време е и другиот дуел од 3.коло во А-групата на кој се среќаваат Италија и Велс (во Рим).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.