Французинот Лилијан Турам остави голема трага во италијанскиот фудбал и со своите игри како член на Парма и Јувентус важеше за еден од најдобрите и најстабилни дефанзивци во светот. 12 години по завршувањето на неговата авантура на Апенините, легендарниот Французин има чувство дека ништо не се променило во Италија.

Тој остро реагираше по инцидентот во кој Калиду Кулибали од Наполи доби навреди на расна основа за време на дербито против Интер и додаде дека сите стадиони во Италија треба да се затворат за фановите да размислат како се однесуваат.

Кога јас играв во Италија, овие работи се случуваа. 12 години подоцна, за жал ништо не е променето. Дали знаете што значи тоа? Тоа значи дека не се направило доволно и дека расизмот не ви е приоритет. Не само за политичарите, тука вги вбројувам и директорите на клубовите кои својот фокус го ставаат на се’ друго, освен на расизмот. Кога ќе се случи вакво нешто, треба да се затворат сите стадиони за еден викенд, не само оној на Интер. Кога фановите ќе минат цел викенд без планираните натпревари, ќе треба да размислат и да сфатат колку е непријатно и нефер да се нападне човек само поради неговата боја на кожата, истакнал Турам за „Кориере дело Спорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.